Гатузо ги најде виновниците за ремито со Торино

Дерби

19/04/2018

11:59

909

Големина на фонт

а а а

На Апенинскиот Полуостров синоќа беа одиграни 9 натпревари од италијанската Серија А, а еден од најнеизвесните дуели беше одигран во Торино каде истоимениот тим го пречека Милан.

Натпреварот започна со пенал за домаќините уште на самиот старт, но Андреа Белоти несреќно ја погоди пречката, па за неколку минути на другата страна казни Бонавентура за минимално водство на полувремето. Сепак, судбоносниот гол беше постигнат на 20 минути пред крајот на дуелот кога Де Силвестри го матираше Донарума за конечни 1-1. Гатузо призна дека треба да се поработи на кондициската спрема на играчите, а исто така и ги посочи виновниците за голот со кој изгубија 2 вредни бода.

– Се измачивме во последните 20 минути, дозволивме гол по грешката на Абате на кого му избега играчот. Првата грешка во акцијата беше од Калиниќ. Можевме да победиме доколку Абате погодеше на крајот од средбата. Исто така, немавме доволно сила за последните минути. Секогаш би играл со двајца напаѓачи, но сега мораме да обрнеме внимание на одбраната. Не смееме да дозволиме да примаме голови, ние сме Милан и мораме секогаш да одиме на победа,- изјави Гатузо за италијански „Премиум Спорт“.

На само 5 дуели до крајот на сезоната, миланскиот тим се наоѓа на 6. место во лигата кое води во квалификациите за Лигата на Европа, а во врат му „дише“ Аталанта која е на минус 2, како и Сампдорија и Фиорентина кои заостануваат само 3 бода зад „росонерите“.

– Сега не сме 100% подготвени и мораме да ги поправиме некои грешки кои често ги правиме. Понекогаш ги губиме натпреварите што се чини дека сме ги добиле. Целосно ќе се фокусираме на квалификување во Лига Европа. Секогаш кажувам, Лигата на шампионите не е нашата цел. Вие (новинарите) зборувате за тоа, а не јас, - заврши Гатузо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг