Гаши за влезот на Беса во Владата: Заев да избере меѓу мене и Касами

Макфакс

18/04/2018

13:04

1.125

Големина на фонт

а а а

Заев го има последниот збор. Ќе мора да избере меѓу двете крила, изјави претседателот на едното крило на Беса, Африм Гаши, кој потврди дека Беса влегува во Владата.

Тој рече немало разговори за преземање на Министерството за правда, но вели дека партијата има кадри за сите институции. За влезот во Владата на другото крило од Беса, предводено од Билал Касами, Гаши е категоричен дека не сака споровите што тие ги имаат меѓу себе да ги има во владиниот кабинет.

„Имавме неколку средби со премиерот и разговаравме за принцпите на заедничко работење. Тоа значи дека фокус се програмските определби, а техничките работи се полесни. Поради преговорите за името и влезот во ЕУ, сакаме да сме дел од оваа Влада“, рече тој.

На прес-конференција во Собранието, Гаши рече дека еврокомесарот Јоханес Хан денеска донел убава вест за безусловна препорака за преговори за влез во ЕУ. Тој рече дека Беса, иако во опозиција, дала свој максимум за да се постигне препораката.

„Ако почнеме преговори во јуни, тоа е добар знак за државата“, вели Гаши. Тој исто така вели дека ако промената на името не задира во македонскиот идентитет, тогаш името на Македонија може да се промени.

„Не сакаме ништо што би задирало во идентитетот на Македонците. Ако промената на Уставот значи одење напред, тогаш нека се направи тоа“, додава Гаши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг