Гатузо посебно цени еден играч: Тој е најдобриот напаѓач по Шевченко

Дерби

17/04/2018

21:15

3.225

Големина на фонт

а а а

Стратегот на калчолигашот Милан, Џенаро Гатузо на свој начин го најави утрешното гостување кај Торино во рамките на вонредната рунда во Серија А.

Тој испрати посебни комлименти на адреса на напаѓачот на „биковите“ Андреа Белоти кој го спореди со легендарниот Андриј Шевченко со кого популарниот Рино долго време ја делеше соблекувалната во Милано.

-Јас секогаш велам дека тоа е напаѓачот кој најмногу ме има изненадено по Шевченко. Минува низ тежок период, ама кога е фит тој е комплетен напаѓач. Секогаш ми се допаѓал, одличен е во последниве сезони. Исто така е добро момче и тоа нешто што секогаш го ценам. Торино е тим кој се бори и има квалитетни играчи, утре ќе ни биде многу тешко, многу се потрошивме против Наполи, истакна Гатузо.

Инаку Белоти лани постигна 26 голови во Серија А, ама годинава не успеа да го задржи тој ритам и досега има само 9 погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг