Каталонците наследникот на Иниеста го пронајдоа во Италија: Барселона мерка ѕвезда на Лацио

Дерби

17/04/2018

15:30

1.571

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот гигант Барселона по крајот на оваа сезона може да остане без една од своите икони и легенди-Андрес Иниеста кој според одредени информации ќе летне на далечниот Исток, поточно во Кина.

Ако ова сценарио се реализираа каталонците сигурно ќе реагираат без разлика што во јануари го доведоа Филипе Кутињо и договрен е Артур од Гремио, па според сознанијата на „Газета Дело Спорт“ клубот од „Камп Ноу“ сериозно размислува за една ѕвезда на Лацио, Луис Алберто.

Станува збор за 25-годишен играч кој сезонава има 10 голови и 16 асистенции во сите натпреварувања, играч кој веќе бил дел од колективот на Барселона, ама од втората екипа кога во сезоната 2012-13 даде 11 голови на 38 натпревари.

Лидерот во Примера испратил скаути да го следат Шпанецот и тоа на дербито со Рома, па останува да видиме каква ќе биде нивната реакција. Лацио за услугите на офанзивецот Алберто ќе бара најмалку 30 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг