Двајцата претседатели на Беса на одделни средби со британскиот амбасадор

Макфакс

17/04/2018

14:53

717

Големина на фонт

а а а

Претседателите на поделената Беса, Билал Касами и Африм Гаши оставрија одделни средби со амбасадорот на Обединетото Кралство, неговата екселенција Чарлс Гaрет.

На средбата помеѓу Касами и Гaрет се разговарало за политичките процеси во нашата земја, за улогата на Движењето Беса во давање на подршка за реформите кои се предуслов за интеграција на Република Македонија во НАТО како и за почетокот на преговорите за приклучување кон ЕУ.

„Претседателот Касами на овој состанок го искажа својот став околу спорот со името со Грција, наведувајќи дека оваа е еден од клучните периоди во последните 20 години оваа прашање да се реши и Република Македонија и формално да стане полноправна членка на НАТО затоашто оваа е единствена алтернатива која што ни носи просперитет, безбедност и економски развој“, соопшти партискиот кабинет на Касами.

Двете страни се согласиле дека одличната комуникација која постои помеѓу Движењето Беса и Обединетото Кралство треба да продожи и во иднина ставајќи се во функција на приближување до западните вредности и стратешката подршка која ни се пружи како Македонија од страна на Обединетото Кралство.

Во врска со средбата што Гаши ја остварил со Гарет, другото крило на Беса соопшти дека двајцата соговорници разговарале за политичката ситуација низ која поминува Македонија.

„На оваа средба претседателот Гаши ја нагласи конструктивната улога што ја имаше Движењето БЕСА низ целиот овој политички процес, која беше во функција на стабилизацијата на земјата и евро-атлантската агенда. Исто така претседателот Гаши нагласи дека БЕСА ќе продолжи да постојано да придонесе за благосостојбата на граѓаните и аспирациите за зачленување во НАТО и ЕУ“, соопшти огранокот на Гаши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг