Гвардиола не мирува: Има две желби и веќе работи на нивна реализација

Дерби

17/04/2018

12:58

952

Големина на фонт

а а а

По неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед од страна на ВБА, нивниот градски ривал Манчестер Сити и официјално стана нов шампион во Премиерлигата. Коментари по успехот на „граѓаните“ стигнуваат од сите страни, но по се изгледа најзадоволен е Пеп Гвардиола кој за наредната сезона ќе има буџет од 700 милиони евра за нови засилувања.

Според англиски медиуми Гвардиола има големо влијание врз фудбалскиот стил во Англија и не само што неговиот фудбал е убав за око, туку е и успешен. Уште една интересна работа е и тоа што Гвардиола успева позитивно да влијае врз формата на фудбалерите.

А поради неговата исполнителност и потврда на неговите ветувања, Пеп веќе има одврзано ќесе за нови засилувања од сопствениците на клубот. Сега на дневен ред кај овој стратег е летниот преоден рок, на кој размислува шпанскиот стратег.

Прва желба му е Тијаго Алкантара, кој Пеп го донесе во Баерн Минхен и сега сака да го земе повторно со него во Сити. Обесштетувањето ќе изнесува некаде околу 50 милиони евра колку што се спремни да понудат Сити, а на потег е Баерн.

Втората желба е Вилфред Заха кој пред неколку не се снајде добро во Манчестер јунајтед, а сега во моментот настапува во редовите на Кристал Палас. Според медиумите цифрата за неговото обесштетување ќе изнесува идентично колку за Алкантара, околу 50 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг