Гери Линекер смета дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола позитивно ќе влијае генерално на англискиот фудбал.
Манчестер Сити е новиот шампион во англиската Премиер лига, а еден од најзаслужните за таквиот подвиг на „Граѓаните“ секако е тренерот Пеп Гвардиола.
„Без сомнение, Гвардиола ќе има влијание врз фудбалскиот стил во нашата земја. Гвардиола успева позитивно да влијае врз формата на фудбалерите“, изјави Гери Линекер и додаде:
„Гвардиола е голема придобивка за англискиот фудбал, посебно затоа што многу луѓе тврдеадека неговиот стил нема да успее во Премиер лигата, но се покажа дека не беа во право“, изјави Гери Линекер.