Најубавото нешто за фановите на Сити: Стигна честитка и од градскиот ривал Манчестер Јунајтед

Дерби

16/04/2018

11:57

1.467

Големина на фонт

а а а

Играчите и навивачите на Манчестер Сити веќе ја слават новата титула во Премиерлигата откако градскиот ривал Јунајтед вчера попладне доживеа шокантен пораз од последниот тим на табелата, а со тоа и математички ја потврди титулата на Сити во Премиерлигата.

Со оглед на тоа што случувањата на „Олд Трафорд“ посебно ги разочараа и фановите на Јунајтед, Жозе Мурињо ја имаше честа прв да му ја честита титулата на тимот на Пеп Гвардиола.

Но, веднаш потоа се јави и раководството на Манчестер Јунајтед, кој не чекаше долго за да му ја честита титулата на својот лут градски ривал, со што со овој потег ја покажа големината на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг