До титулата со рекорд кој им успеал само на три клуба: Лондон под нозете на Гвардиола

Дерби

16/04/2018

10:47

1.445

Големина на фонт

а а а

По неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед од страна на ВБА, нивниот градски ривал Манчестер Сити и официјално стана нов шампион во Премиерлигата.

Коментари по успехот на „граѓаните“ стигнуваат од сите страни, но по се изгледа најзадоволен е Пеп Гвардиола кој за наредната сезона ќе има буџет од 700 милиони евра за нови засилувања.

Но, славјето на „граѓаните“ е уште поголемо, откако титулата ја освоија со победа над најголемите ривали и гиганти на гостински терен и тоа: Челси со резултат од 1:0, Арсенал со резултат од 3:0 и сега, Тотенхем со 3:1. 

Овој рекорд до сега им успеал само на три клубови во Премиерлигата и тоа на: Ковентри во сезоната 1993/94, Чарлтон во сезоната 2001/02 и Блекбурн во сезоната 2002/03.



Спонзорирани линкови

Маркетинг