Алегри: Му благодарам на Пјаниќ што се повреди

Точка

16/04/2018

11:07

2.968

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри имаше интересна изјава после победата на неговата екипа против Сампдорија.

Пред крајот на првиот дел, Алегри мораше да го повлече Миралем Пјаниќ поради повреда и на негово место го внесе Даглас Коста.

„Морам да му се заблагодарам на Пјаниќ, затоа што неговата повреда ме натера да направам измена“, изјави Масимилијано Алегри после натпреварот.

„Сакав да го внесам Коста во игра, но не така рано. Ние игравме фокусирано, смирено и паметно. Потоа, Пјаниќ ја заврши работата. Тој имаше мала повреда и најпаметно беше да направам измена“, изјави Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг