„Мисијата е исполнета“: Трамп како Буш по нападот врз Ирак

Макфакс

14/04/2018

18:14

1.940

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп по нападот во Сирија ги употреби истите зборови како поранешниот американски претседател, Џорџ Буш, по операцијата во Ирак, коментира новинската агенција „АП“.

„Буш во 2003-та година, говореше под слоганот ‘Мисијата е исполнета’ кога од Калифорнија прогласи дека големите борбени операции во Ирак се завршени, само шест дена по инвазијата“, забележува „АП“.

Буш беше остро искритикуван поради таа изјава, бидејќи војната потрае уште неколку години.

Трамп денеска на својот профил на „Твитер“ напиша дека нападот врз Сирија бил совршено изведен и мисијата е исполнета.

„Совршено изведен напад минатата ноќ. Ви Благодарам Франција и велика Британија за мудроста и силата на вашата добра војска. Не можевме да постигнеме подобар резултат. Мисијата е исполнета!“ наведе Трамп на социјалната мрежа.

САД, Велика Британија и Франција синоќа изведоа возушни напади на Сирија, како одговор на наводниот напад со хемиско оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг