Францускиот претседател Емануел Макрон соопштил дека решил да се нападне Сирија бидејќи се масакрирани десетина мажи, жени и деца за што несомнено е одговорна сиријската влада.
Тој истакнал дека со ова е помината црвената линија која Франција ја поставила во мај минатата година.
„Во саботата на 7 април, во Дума беа масакрирани десетина мажи, жени и деца со хемиско оружје со што во потполност е прекршено меѓународното право и резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации“, рекол Макрон.







