Подготвени за напад: Уште еден американски воен брод „вооружен до заби“ се приближува до Сирија

Точка

14/04/2018

10:30

6.552

Големина на фонт

а а а

Американската воена морнарица нареди уште еден воен брод вооруже со крстосувачките ракети „Томахавк“ да се приближи до брегот на Сирија.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп заедно со своите министри и советници се уште нема одлучено дали и кога ќе биде нападната Сирија, американската воена морнарица полека но сигурно ги распоредува своите бродови кои што се вооружени и поготвени за напад на позициите на сириската армија.

Од американскиот Стејт Департмент соопштија дека САД имаат доказ дека сириската влада стои зад хемискиот напад во Дума, но се уште работи на идентификација на мешавината на хемикалии кои што биле употребени во нападот.

„Можеме да кажеме дека зад нападот со хемиско оружје стои сириската влада“, изјави портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Хедер Науерт.

Од друга страна, амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се уште нема донесено одлука и нагласи дека Трамп нема да дозволи на никого да го наведе да донесе избрзана одлука за можниот воен напад на Сирија.

„Ако донесете избрзано такви одлуки, тогаш ќе направите грешка. Сакаме да бидеме сигурни дека ги имаме сите потребни информации“, изјави таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг