Откриени се детали: Американците планираат да нападнат 8 мети во Сирија

Точка

13/04/2018

16:09

5.368

Големина на фонт

а а а

Додека американската администрација се уште размислува за тоа дали и кога ќе ја нападне Сирија поради хемискиот напад на цивилно население во Источна Гута, извор од Белата куќа открил за "CNBC" дека Вашингтон разгледува напад на 8 мети.

Меѓу локациите кои што би биле на мета на можните напади на САД, Велика Британија и Франција биле два аеродроми, истражен центар и складиште за хемиско оружје на сириската армија, откриваат американските медиуми.

Како што открил истиот извор, сириската армија веќе значаен дел од вооружувањето и воената опрема веќе ги пренела на аеродромите кои што ги контролира Русија, со надеж дека Вашингтон сепак нема да ги нападне тие бази.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретнал со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис и генералот Џозеф Данфорд.


„Целата ситуација ја следиме многу сериозно и будно и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Доналд Трамп за американските медиуми.

Да потсетиме, состанокот на државниот врв на САД по повод ситуацијата во Сирија беше завршен без да биде донесена конечна одлука за евентуален воен удар на Сирија. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс потврди дека состанокот бил одржан, но нагласи дека „конечната одлука се уште не е донесена“.


Да потсетиме, Доналд Трамп пред неколку дена го шокираше светот со својата порака на Твитер во која што порача „Русијо, подготви се, доаѓаат нашите ракети кои ќе бидат убави, нови и паметни“, но набрзо потоа објави уште една порака на Твитер со која што ја збуни светската јавност.

Американскиот претседател на својот профил на Твитер напиша: „„Никогаш не реков кога ќе ја нападнеме Сирија. Може да биде наскоро или воопшто да не биде тоа наскоро. Во секој случај, САД, под мојата администрација одработи одлична работа во елиминирањето на ИСИС од регионот. Каде е вашето - Ти благодариме Америко?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг