Германските медиуми остро за Трамп: Тој е поголема опасност за светскиот мир од Путин! Човек да се запраша: Дали е тој при чиста свест

Точка

13/04/2018

12:04

5.933

Големина на фонт

а а а

Германските медиуми ги коментираат случувањата во Сирија и околу неа, посебно твитовите на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кој моментално гледаат поголема опасност по светскиот мир отколку во рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот објавил твит со текст: "Русија тврди дека ќе ги собори сите ракети кои ќе бидат лансирани кон Сирија. Подготви се Русија, бидејќи тие доаѓаат". 

Тоа е сфатено како директна најава за војна, но портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс, тоа брзо го релативизирала со изјавата дека станува збор "за една опција, но дека тоа не значи дека станува збор за единствена опција или единственото нешто што би можел претседателот да го направи".

"Не сме на пат кон Студена војна, ние сме во неа", смета весникот "Westfalenpost". "Трамп е непресметлив. Неговиот претходник многу се закануваше, но никогаш не делуваше. Најавата на претседателот на САД дека ќе ги нападне Русија и Сирија е погрешна. Бидејќи, таа го води светот на раб на војна, целиот свет", додава весникот.

"Ќе му го блокира ли некој конечно пристапот на претседателот на Твитер", пишува коментаторот на "Allgemeine zeitung". "Заканувањето на Трамп против малцинствата и политичките противници е едно. Неговата најава за воен судир меѓу САД и Израел е нешто сосема друго. Како може некој да биде толку глупав и да го провоцира противникот до таа мерка", се прашува весникот.

Коментаторот на весникот "Badische neueste nachrichten" го поткачил и Советот за безбедност. 

"Оние кои блокираат зададоа нов удар. Бидејќи Обединетите нации неславно потфрлија, сега расте опасноста од голем воен напад на САД на Сирија. Советот за безбедност е инструмент за превенција на кризи, измислен во текот на Студената војна, но тој инструмент дошол до своите граници. За да го зачува својот легитимитет, тој мора да биде реформиран", пишува "Badische neueste nachrichten".

"Koelner Stadtanzeiger" констатира: "Доналд Трамп нема ни план ни стратегија, ни јасна цел".

Дневникот "Rhein Zeitung" е уверен дека без идеја за тоа што би требало подоцна да се случи во Сирија, воен удар нема смисла. Ако неколку "Томахавки" е се што САД има да понуди, подобро да ги остави во футролата.

"Тука е Русија, која безусловно ја поддржува бруталната диктатура на Асад и нејзината војна, и која со своите бомбардирања ја навлекува вината на себе", пишува "Sueddeutsche zeitung", а таму е и еден претседател на САД, кој еден ден најавува повлекување, а следниот ден бомбардирање, а трет ден веројатно тоа повеќе нема ни да го интересира. Има ракети, но нема стратегија.

"На човек му доаѓа да се запраша: дали е тој при чиста свест", пишува за Трамп весникот "Frankfurter allgemeine zeitung".

"Зарем неговата неконтролираност не знае за никакви граници? Последниот твит на адреса на Русија, во кој со висок тон најавува ракетирање на Сирија, е неверојатен. Таква приказна би можела да доведе до воен судир меѓу САД и Русија, и не се согласува со одговорноста на функцијата на човекот кој се смета за предводник на слободниот свет", пишува весникот од Франкфурт. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг