Пророчките зборови на рускиот генерал: Го предупредувал светот на хаосот кој сега се случува! Еве што предвидел!

Точка

12/04/2018

19:54

11.043

Големина на фонт

а а а

Уште на 13. март Министерство за одбрана на Русија соопштило дека терористите се подготвуваат да исценираат хемиски напад во Сирија.

 

"Имаме доверливи информации дека милитантите подготвуваат сценирање на употреба на хемиско оружје од страна на владините трупи против цивили. За таа цел, во неколку окрузи во Источна Гута се насобрани многу жени, деца и постари луѓе, доведени од други региони, кои треба да глумат жртви на хемиски инцидент", рекол началникот на Генералштабот на Војската на Русија, генерал Валериј Герасимов на прес конференција.

"Таму веќе се наоѓаат активистите на "Бели шлемови" и групи за снимање со апарати за сателитско емитување на видео-пренос", рекол тој.

"Ова е потврдено со откривање на лабораторијата за производство на хемиско оружје во селото Афтрис, ослободено од терористите", нагласил Герасимов.

"Според постоечките извештаи, по провокациите, САД планираат да ги обвинат владините сили на Сирија за употребата на хемиско оружје, да и понудат на светската заедница таканаречени докази за наводно масовно убивање на цивили од страна на сириската влада и руското раководство кое ја поддржува", рекол началникот на Генералштабот.

"Како возвратна мерка Вашингтон планира да изведе ракетно-бомбашки напади во владините населби во Дамаск", додал тој.

Западот го обвинил Дамаск за хемискиот напад во сирискиот град Дума во Источна Гута. Москва ги отфрлила информациите за хлорната бомба, која наводно ја фрлила сириската војска. Министерството за надворешни работи на Русија соопштило дека целта на овие клевети е да се заштитат терористите и да се оправдаат евентуалните надворешни напади.




Спонзорирани линкови

Маркетинг