Трамп ја менува плочата: Никогаш не реков кога ќе се случи нападот на Сирија, тоа можеби и нема да биде наскоро

Точка

12/04/2018

12:57

3.085

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никогаш не рекол кога ќе се случи нападот на Сирија - тоа може да се случи наскоро, или пак воопшто да не биде наскоро.

Претседателот на САД денес објави порака на Твитер преку која што тврди дека „никогаш не рекол кога ќе ја нападнат Сирија“. Доналд Трамп порача: „Никогаш не реков кога ќе ја нападнеме Сирија. Може да биде наскоро или воопшто да не биде тоа наскоро. Во секој случај, САД, под мојата администрација одработи одлична работа во елиминирањето на ИСИС од регионот. Каде е вашето - Ти благодариме Америко?“.

Трамп со ова уште еднаш потврди дека е премногу непредвидлив кога станува збор за носењето на важните одлуки. Имено, тој во понеделникот порача дека „големата одлука“ за нападот на Сирија ќе ја донесе во рок од 24 до 48 часа.


Тој рок истече, а Трамп не донесе никаква одлука, иако и во текот на вчерашниот ден упати заканувачка порака до Русија - на својот профил на Твитер напиша: „Русијо, подготви се, нашите ракети пристигнуваат“.

Како и да е, сигурно е дека тензијата е присутна и дека се уште се разгледува воен нпад на позиците на сириската армија лојална на претседателот Башар Ал Асад. Според многумина, сега за Трамп нема назад, затоа што ако одлучи да не ја нападне Сирија, тоа ќе ја разниша неговата позиција во Белата куќа, затоа што тој ќе биде човекот кој што се повлекол пред заканите на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг