Сончево и топло време, од недела наоблачување со услови за дожд

Макфакс

12/04/2018

09:58

1.238

Големина на фонт

а а а

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд.

Утринската температура се движи од 3 до 12, а дневната температура од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 26 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Од недела ќе им поголемо наоблачување со услови за краткотраен локален дожд.