Потегот на вечерта го има претседателот на Рома: Се фрли во фонтана

Дерби

11/04/2018

11:59

1.993

Големина на фонт

а а а

Рома направи вистинско фудбалско чудо на „Олимпико“ и успеа да ја декласира Барселона со 3:0 пред домашните фанови, а херој за италијанскиот тим на крајот беше Гркот Костас Манолас кој со својот погодок го нокаутираше фаворитот кој имаше предност од 4:1 по првиот меч.

Огромната предност не се покажа како доволна за пласман во полуфиналето, а голема заслуга за тоа има желбата и страста која ја покажаа играчите на Рома во текот на сите 90 минути, издание со кое сосема заслужено го заверија својот пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Но, сепак по се изгледа најсреќен беше претседателот на Рома Џејмс Палота, кој го направи потегот на вечерта и скокна во фонтана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг