Денеска интерпелација на Владата

Нетпрес

11/04/2018

10:11

1.015

Големина на фонт

а а а

За денеска во Собранието е закажана седницата за интерпелација на Владата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во барањето за интерпелација наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт. Во документот во кој се потпишаа 41 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека единствени проекти коишто ги спровела владата се партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, како и луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.

„Оваа Влада наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните на Република Македонија како што ветуваа во предизборието, тие работат исклучиво за остварување на партиските потреби и интереси“, се истакнува во барањто на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на Владата.

Со интерпелацијата опозициската партија и официјално се враќа во Собранието, на пленарните седници.

Движењето Беса веќе најави дека нема да ја поддржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, и ќе гласа против интерпелација на Владата, иако имаат забелешки на нејзиното досегашно функционирање.

Инаку, дискусијата за барањето за интереплација трае цел ден, а се гласа на полноќ и за изгласување недоверба на Владата потребни се 61 глас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг