Твитот на Рома доволно говори за лудницата синоќа на Олимпико

Точка

11/04/2018

09:08

2.451

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Рома направија вистинска сензација синоќа - успеаа да надоместат пораз од 4:1, да ја срушат Барселона и да се пласираат меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

После поразот на првиот натпревар, малкумина веруваа дека Рома може да направи таков подвиг каков што направи вчера. Избраниците на Еузебио Ди Франческо славеа со 3:0 и повеќе од заслужено се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите.

После последниот судиски свиреж, Олимпико во Рим се тресеше, а за тоа каква еуфорија ги зафати Римјаните, најдобро говори твитот од официјалниот профил на Рома на Твитер. Администраторите очигледно биле во делириум, па твитот после големата победа изгледаше вака:



Спонзорирани линкови

Маркетинг