Чудо во Италија: Каталонците на колена пред римските Гладијатори!

Дерби

10/04/2018

22:45

3.946

Големина на фонт

а а а

Рома ја шокираше Барселона пред своите навивачи, победувајќи ја фаворизираната гостинска екипа со 3:0 и на тој начин приреди вистинска сензација со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Рома поведе во 6. минута преку Џеко, а до крајот на полувремето не искористи неколку шанси да го зголеми водството.

Тоа се случи во 58. минута кога Де Роси успешно реализираше пенал, а тимот на Ди Франческо продолжи да ја притиска бледата Барселона која не успеа да го задржи прифатливиот резултат до крајот. Шок за Каталонците приреди Манолас, кој по изведен корнер од десната страна, биеше со глава и го совлада Тер Штеген во 82. минута за вистинска еуфорија на „Олимпико“.

Очекувано, Барселона во последните десет минути направи притисок, но по неколку обиди, не успеа да го постигне посакуваниот погодок, а Рома почна да ги прославува конечните 3:0 и пласманот во полуфиналето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг