Џафери ја закажа за утре седницата за доверба на Владата

Макфакс

10/04/2018

12:17

958

Големина на фонт

а а а

Собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа за утре седницата за доверба на Владата. Барањето го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, потпишано од 41 пратеник.

Во образложението наведуваат дека единствени проекти коишто ги спровела Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.

„За да ја одржат својата коалиција СДСМ и ДУИ посегнале кон погазување на демократијата во државата, Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието. Против волјата на мнозинството граѓаните насила изгласаа неуставен, неприменлив и штетен закон за двојазичност. Недозволиво е во една демократска држава којашто претендира да биде дел од НАТО и ЕУ грубо да бидат погазени и прекршени сите процедури што се наведени во Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија“, додаваат од опозицијата во образложението.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува да се изгласа недоверба на Владата, и да се организираат предвремени парламентарни избори.

За да биде изгласана недоверба на Владата, потребно е мнозинство од вкупниот број пратеници, или најмалку 61 глас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг