ФБИ упадна во канцеларијата на адвокатот на Трамп поради порно актерката: Запленета документација и банкарски сметки! Трамп побеснел!

Точка

10/04/2018

10:46

2.982

Големина на фонт

а а а

Службеници на ФБИ во Њујорк заплениле доверливи документи од комуникацијата на адвокатот на Трамп, Мајкл Коен со клиентите, а меѓу запленетите документи се и оние кои се поврзани со исплатата на 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, пренеле американските медиуми.

Упадот во канцеларијата го наложил сојузниот обвинител на Менхетн, а на основа на барањето на специјалниот обвинител Мулер, рекол адвокатот на Коен, Стивен Рајан. 

"Одлуката на канцеларијата на обвинителот во Њујорк да спроведе истрага на основа на налогот за претрес е сосема неприкладна и непотребна. Таа резултирала со непотребна заплена на заштитената комуникација меѓу адвокатот и неговите клиенти", рекол Рајан.

Тимот на Мулер употребил слична тактика минатото лето, кога инспектори на ФБИ влегле во куќата на поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт, против кого подоцна било и поднесено обвинение.

Мулер одлучил случајот со адвокатот на Трамп да го проследи до сојузните обвинители на Менхетн. Покрај канцеларијата на адвокатот Коен, агенти на ФБИ влегле и во хотелската соба во која престојувал адвокатот, додека неговата куќа се реновира.

Адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, неодамна го привлекол вниманието на јавноста кога признал дека и платил на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари од свој џеб, непосредно пред претседателските избори во 2016. година. Коен рекол дека ни организацијата на Трамп, ниту изборниот штаб не биле вклучени во таа трансакција и дека не му било надоместено тоа што го платил.

Трамп прв пат минатата седмица одговарал на прашања за Даниелс и рекол дека не знаел за плаќањето и дека не знаел од каде му се парите на Коен. Белата куќа тврди дека Трамп немал врска со неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг