Крауч до најситен детаљ ја памети првата пресметка против Роналдо: Тој ден ми ги отвори очите

Дерби

07/04/2018

14:38

6.321

Големина на фонт

а а а

Питер Крауч беше меѓу првите кои испратија коментар за ремек-делото на Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи, а сега напаѓачот на Стоук доби шанса да даде една поопширна изјава за квалитетите на ѕвездата на Реал Мадрид во интервјуто за бриталнскиот таблоид „Дејли Меил“.

Сигурно сите мислат дека првите пресметки на Крауч и Роналдо датираат од Премиер лигата, но сепак случајот не е таков, бидејќи високиот напаѓач посебно добро го памети првиот дуел кој го имал со Кристијано, оној кога заедно со своите соиграчи од Англија до 21 година играле против Португалија.

– Кога имаш долга кариера во фудбалот, има акции и моменти кои ги забораваш. Натпреварите без некое поголемо значење, брзо се бришат од твојата меморија. Но, секогаш има моменти кои остануваат врежани во твојата глава, без разлика на тоа што поминало многу време. Има денови од кои го паметиш и најситниот детаљ. Обично се денови кога сте оствариле нешто големо, тогаш и најситните детаљ прави да бидете горди. Такво нешто се случи минатиот вторник додека гледав Јувентус против Реал Мадрид, – започнува Крауч, кој потоа ја долови својата приказна од пресметата против Роналдо која датира од 2003 година.

– Добро се сеќавам на натпреварот од март во 2003 година. Тој ден Роналдо ми ги отвори очите со неговиот поинаков начин на сфаќање и играње на фудбалот. Бевме навистина добар тим со играчи како Герет Бери, Џо Кол, Мајкл Керик и Џермејн Дефо. Во говорот пред натпреварот, не бевме загрижени за Роналдо. Оној кој не загрижуваше беше Кварезма. Никој дотогаш не го знаеше Кристијано. Вистината е дека Кварезма не потфрли, но сепак Роналдо беше неверојатен. Беше толку многу добар. Ги смируваше долгите пасови од Кварезма со својот грб, да со својот грб. Потоа со неверојатна брзина се насочуваше кон нашиот гол. Тој ден ми беше жал за Самуел и Кончески кои беа во одбраната, навистина патеа тој ден. Загубивме 4:2 и Кристијано даде гол, – се потсетува Крауч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг