Британија одби да и даде виза на роднина на Скрипал

Макфакс

06/04/2018

19:47

2.549

Големина на фонт

а а а

Британското министерство за внатрешни работи го одбило барањето за издавање виза на роднина на рускиот агент Сергеј Скрипал, кој заедно со неговата ќерка Јулија беа затруени со нервен гас на почетокот на март во Велика Британија.

„Го одбивме барањето за издавање виза на Викторија Скрипал затоа што не е во согласност со имиграциските прописи“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи.  Викторија, која што живее во Русија, сакала да ги посети родините во болница, откако беше објавена веста дека тие се опоравуваат.

Скрипал и неговата ќерка се во болница повеќе од еден месец, откако беа пронајдени без свест на клупа во Солсбери. Тие биле затруени со нервен гас наречен новичок. Здравствената состојба на таткото и на ќерката се подобрува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг