Селмани: Редно беше ДУИ еднаш да изразат жалење за инцидент и сочувство до семејството на загинатиот

Макфакс

06/04/2018

12:39

3.774

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Здружението на новинари на Република Македонија, Насер Селмани, на својот Фејсбук профил со реакција по вчерашниот вооружен инцидент во Мала Речица, тетовско, во кој загина едно лице, а две се повредени.

„Како го читате соопштението на ДУИ за инцидентот во Тетово со трагични последици?

Нека се убиваат албанците, нас воопшто не ни чуе, доволно е ДУИ да не се спомне по лошо.

Какви психопати се овие? И да немаше никаква врска овој инцидент со ДУИ, редно беше еднаш да изразат жалење за инцидентот и сочувство на семејството на загинатиот!

На крај можеа да објаснат дека инцидентот нема никаква врса со ДУИ!

Ова е вистинското лице на ДУИ!“ напиша Селмани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг