ТВ „Шења“: Во престрелката во Мала Речица убиен е кумановецот Наип Реџепи

Макфакс

05/04/2018

21:59

4.932

Големина на фонт

а а а

Според информациите што ги објави македонската телевизија на албански јазик, „Шења“, во вооружената престрелка во тетовска Мала Речица, која се случи вечерва, убиен е Наип Реџепи од Куманово.

Претходно, од МВР за „Макфакс“ потврдија дека околу 18.20 часот на улицата 167 во Мала Речица дошло до вооружен инцидент во кој две лица биле повредени од огнено оружје и поради сериозноста на повредите, веднаш биле префрлени во тетовската болница.

Неофицијално, и второто повредено лице е од Куманово. Според информациите, дошло до расправија меѓу две групи непознати лица што биле во два автомобила, по што застанале на улица и со оружје се судриле едни со други.

Медиумите на албански јазик пишуваат дека двата табора биле ривалски кумановски групи на ДУИ. Партијата, пак, преку соопштение вечерва демантира дека има некаква врска со инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг