Една жртва и еден тешко повреден при пукање во Мала Речица

Макфакс

05/04/2018

21:52

3.109

Големина на фонт

а а а

Вечерва околу 18 часот и 20 минути на улицата 167 во тетовска Мала Речица дошло до вооружен инцидент во кој две лица биле повредени од огнено оружје и поради сериозноста на повредите, веднаш биле префрлени во тетовската болница. Неофицијално, едното лице им подлегнало на повредите, а другото е во тешка состојба.

Од СВР Тетово за „Макфакс“ потврдија дека во врска со случајот се приведени две лица.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, соопшти дека веднаш по пријавувањето на настанот, полициска екипа излегла на местото на настанот каде што се преземаат активности за расветлување на случајот во насока на тоа кој сè бил инволвиран, како и поводот и мотивите за инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг