Разоткриен специјалниот тренинг режим за одржување на неверојатната физичка форма на Роналдо

Дерби

05/04/2018

20:33

5.581

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо уште еднаш ја воодушеви светската спортска јавност и покажа какви физички предиспозиции поседува и на 33-годишна возраст, изведувајќи маестрални „ножички“ за паметење на четвртфиналниот дуел со Јувентус во Лигата на шампионите.

Несекојдневната акробација на Роналдо дојде само еден ден откако „Лекип“ откри кој е најважниот совет кој му го дал Зинедин Зидан на Кристијано во 2016 година, а сега од Франција ни пристигна уште една интересна вест, во која во главна улога се најде доскорешниот кондициски трернер на ПСЖ, Рафаел Фавре. Франузинот открива дека пред извесно време имал пријателски разговор со својот добар познаник Антонио Пинтус кој е кондициски тренер на Реал Мадрид откако Зидан го презема тимот, а тој му го открил специфичниот тренинг план со кој ја одржуваат неверојатната физичка форма на Португалецот.

– Антонио ми кажа дека имаа долга и тешка подготовка за време на летниот период и дека поради тоа резултатите биле доста променливи на почетокот на сезоната. Исто така ми кажа дека со Кристијано Роналдо имаат посебен менаџмент, бидејќи во предвид ја зимаат неговата возраст. Тој е навлечен на работа, многу сака да ги прави сите вежби, па затоа бараат од него да се смири и да олабави со исцрпувањата. Тие го штедат во одредени тренинг вежби и во последно време и на одредени натпревари на Реал. Роналдо е играч кој не треба да го притискате за да работи, треба да го притиската за да се смири и да го забави темпото, – вели Фавре во интервјуто за „Ле Паризен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг