Фердинанд: Роналдо повеќе ќе мисли на големото промашување отколку на својот супер гол

Дерби

04/04/2018

21:10

3.789

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд повторно имаше можност во живо да ги коментира перформансите на Кристијано Роналдо во една магична ноќ во Лигата на шампионите од студиото на „Би-Ти Спорт“, а секако во прв план се најде несекојдневното ремек-дело на Португалецот кое брзо стана вирален хит.

Маестралните „ножички“ со кои го остави Буфон без одговор сигурно уште долги години ќе се вртата на највните шпици за Лигата на шампионите, а иако Рио воопшто не штедеше комплименти и ја нареча акробацијата на Роналдо подобра и почиста од онаа на Вејн Руни против Манчестер Сити, даде и еден интересен коментар за темпераментот и високите барања кои ги има Роналдо за самиот себеси.

Кристијано промаши вистински зицер во судиското продолжение и пропушти да ја заокружи својата неверојатна вечер со хет-трик, Рио вели дека ова промашување повеќе ќе го прогонува и ќе мисли повеќе на тоа отколку на супер голот кој му го даде на Буфон.

– Роналдо се претвори во играч кој е измислен за шеснаесетникот. Тој е одговорен за завршниот продукт, за последниот удар. Се обложувам дека повеќе мисли за своето промашување. Ќе се удира во лицето пред огледалото по крајот на мечот, такви се неговите апетити, – порача Рио Фердинанд во отвореното студио.




Спонзорирани линкови

Маркетинг