Румен Радев: Случајот „Скрипал“ бара јасни и неоспорни докази

Макфакс

04/04/2018

16:08

3.189

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, рече дека за случајот „Скрипал“ потребни се јасни и неоспорни докази за вмешаност на Русија пред да преземе какви било мерки против Руската Федерација.

Според него, односите со Москва бараат придржување кон политиката на рамнотежа и дијалог.

„Политиката на дијалог и баланс во односите со Русија треба да продолжи, а кон тој став се придржува и Австрија, која по нашиот мандат ќе преседава со Советот на Европската Унија. Би сакал да истакнам дека Бугарија е лојален член на ЕУ и на НАТО, но овие сојузи се засновани на многу вредности, од кои еден е транспарентноста. За да преземеме чекори (против Руската Федерација), должни сме да добиеме јасни и убедливи докази“, категоричен беше претседателот на Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг