Блиц-средба на Рама со Тачи

Макфакс

04/04/2018

15:29

2.907

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа во Тирана имал ненајавена кратка средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи. Албанските медиуми јавија дека средбата траела 6о-тина минути и дека по неа немало соопштрение, ниту информации за што е разговарано.

Медиумите оценуваат дека Рама и Тачи разговарале околу состојбата во Албанија и Косово по воведувањето на патарината на автопатот кој ги поврзува Албанија и Косово и реакциите кои се присутни како кај бизнис секторот, така и кај населението поради високата тарифа на патарината. Исто така се претпоставуваа дека можно тема на разгововорите да била и депортацијата на шестмината турски државјани од страна на Косово, бидејќи како што се наведува, Рама и Тачи се добри пријатели на турскиот претседател Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг