Бејли: Постои реална можност Македонија наскоро да стане членка на НАТО

Макфакс

04/04/2018

14:48

929

Големина на фонт

а а а

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска по повод Денот на НАТО учествуваше на трибина насловена „НАТО и ТИ“ во организација на Mинистерството за одбрана.

Во рамки на трибината, Бејли посочи дека таа се разликува од претходните дискусии зошто сега може да се каже дека постои реална можност Македонија наскоро да стане членка на НАТО и рече дека се цени учеството на Македонија во мисиите на НАТО-Алијансата.

Покрај амбасадорот на САД на трибината „НАТО и ТИ“ учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетанот Горазд Бартол. Тие дискутираа за тоа што претставува НАТО-Алијансата, зошто Македонија сака да биде дел од неа и кои се придобивките од членството за државата и за македонските граѓани.

Инаку, трибината беше отворена со воведни обраќања од Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, претседателот на светската АТА организација, Фабрицио Лучиоли и претседателот на АТА Македонија и советник за НАТО на Премиерот, Исмет Рамадани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг