Сите играчи на Реал го славеа голот на Роналдо, само Бејл не се помрдна од место

Дерби

04/04/2018

12:27

2.064

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо ја воодушеви светската спортска јавност со својот перформанс на четвртфиналниот дуел со Јувентус во Торино, пред се поради неверојатните „ножички“ кои ги изрежира во второто полувреме со кои всушност ја навести високата победа од 0:3 на Реал Мадрид.

Португалската ѕвезда постигна еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите и за своето ремек-дело ги доби сите почести и од фановите на Јувентус, но наспроти сите анализи кои беа направени за неговата маестрална акробација, од Шпанија ни пристигна и едно видео кое ни покажува и една темна страна кога се во прашање гостите од шпанската престолнина.

Станува збор за првиот гол кој го постигна Роналдо уште во раната фаза на натпреварот по додавањето на Иско, а во прв план на шпанските медиуми се најде реакцијата на Герет Бејл кој верувале или не, воопшто не се ни израдува на погодокот на своите соиграчи. Ладната реакција на Велшанецот секако е израз за големото незадоволство кое владее во последно време, а тоа што не доби ниту една минута од Зидан во Торино е јасен сигнал дека Бејл никогаш порано не бил во понезавидна ситуација во првиот тим на Реал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг