Познато која висина ја достигна Роналдо при нестварниот акробатски гол

Дерби

04/04/2018

10:16

2.511

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо ја фрли во неверица комплетната светска фудбалска јавност, откако на синоќешниот меч меѓу Јувентус и Торино изрежира еден од најубавите голови кои некогаш се постигнати во Лигата на шампионите.

Португалецот имаше небесен скок и со нестварни „ножички“ перфектно ја зафати топката која заврши во мрежата на Буфон, а колку ударот беше неодбранлив најдобро ни говори тоа што искусниот чувар на мрежата не се ни помрдна од гол линијата и остана закован во место.

Неверојатната магија на ѕвездата на Реал предизвика транс и еуфорија меѓу фудбалските фанови и веќе на социјалните мрежи се водат анкети дали ова е и најубавиот гол кој некогаш е виден во Лигата на шампионите, а во меѓувреме доста интереснастана и експертската статистичка анализа на „Марка“.

Со помош на експерти во оваа област, угледниот шпански весник го измери небесниот скок на Португалецот, а бројките покажуваат дека Роналдо достигнал висина од 2 метри и 38 сантиметри во моментите кога ја удира топката…




Спонзорирани линкови

Маркетинг