“Бурлеската стана место за алтернативно феминистичко движење. Никогаш не мислев дека ќе станам славна”, раскажала Дита Вон Тиз (45) за британскиот “Guardian”.
Дита стана позната по врската и двегодишниот брак со пејачот Мерилин Менсон (49), а потоа и по своите танцувачки способности.
“Започнав да се занимавам со тоа бидејќи ми беше забавно и бидејќи никој не го правеше тоа. Ние сами одлучуваме дали сакаме да нè доживуваат како објекти”, раскажала Вон Тиз која ја носи титулата “кралица на бурлеската”, танц во кој се слави шармот, гламурот и женственоста. Дита вели дека е тешко да остане бледа во Лос Анџелес поради високите температури и дека поголемиот дел од денот го поминува во својот дом.
“Кога излегувам надвор, нанесувам голема количина на крема за сончање и носам голем шешир. Понекогаш горам и тоа знае да биде трауматично”, истакнала танчерката.
Сака да се припрема за своите танчерски настапи и тоа го прави со часови, но кога има слободен ден, таа воопшто не се труди околу изгледот – става само црвен кармин и се труди косата да ѝ изгледа “на нешто”. Дита вели дека можеби ќе се откаже од стриптизот на 50 години и тогаш би можела само да пее на сцената.
Вон Тиз исто така проговорела и за својот развод од Менсон за кој, како што вели таа, не се кае. Смета дека тоа била исправна одлука.
“Имам драги спомени од првата половина на нашата седумгодишна врска. Тоа беше романтично време помеѓу уметник и муза и тогаш излезе и албумот “The Golden Age of Grotesque” за кој го инспирираше мојот свет на бурлеската. Но, другата половина од врската стана прилично мрачна”, раскажува таа.
Дита била исфрлена од својот дом кога била тинејџерка, од страна на нејзиниот татко.
“Постојано трошев пари на секси долна облека. Тој, како и повеќето луѓе, не можеше да сфати дека не го правев тоа за да заведувам мажи туку едноставно сакав да носам такви парчиња”, напоменала танчерката.