Роналдињо го прозва сонародникот: Сè уште се прашувам што правеше Роберто Карлос во клучната акција со Франција

Дерби

02/04/2018

14:57

2.805

Големина на фонт

а а а

Бразилската фудбалска селекција својата последна титула на Светските првенства ја освои во 2002 година, па токму поради тоа, цела нација во оваа земја има огромни очекувања од претстојните мундијал на кој „кариоките“ влегуваат во навистина фантастична форма и како едни од главните фаворити за освојување на толку посакуваниот трофеј.

По незаборавниот блесок на Роналдо против Германија во финалето, Бразилците имаа три неуспешни првенства во 2006, 2010 и 2014 година на домашен терен, а навраќајќи се на овие три настапи на најтрофејната селекција на светските фудбалски собири, Роналдињо направи една интересна анализа со која го „пецна“ Роберто Карлос за својот потег во 2006 година на турнирот кој се одигра во Германија.

Франција го победи Бразил со 1:0 во четвртфиналето, а иако тоа го кажа со насмевка на лицето како и секогаш, Роналдињо го посочи Роберто Карлос како главен виновник за елиминацијата на тоа првенство.

– Доживеавме елиминација од Светското првенство во Германија поради една акција. Се се сведе на една акција. Сè уште се прашувам што правеше Роберто Карлос во таа акција, – со насмевка на лицето порача Роналдињо во гостувањето во „ЕСПН“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг