Комисијата за заштита од дискриминација ги осуди содржините од збирката поезија

Макфакс

02/04/2018

14:10

1.052

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заштита од дискриминација ги осуди содржините од збирката поезија од проектот „Млади поети“, што беше финансирана од страна на Агенцијата за млади и спорт.

„Врз основа на избраните тематски содржини на конкурсот за збирката поезија од проектот „Млади поети“ и нивното финансирање од страна на Агенцијата за млади и спорт, Комисијата за заштита од дискриминација најостро ја осудува постапката на Агенцијата за млади и спорт, како и стручната комисија што одлучувала при евалуација на содржините и авторот на вознемирувачките и дискриминаторски содржини. Содржините што се објавени од уредникот Дарко Каевски и воедно финансирани од Агенцијата за млади и спорт содржат елементи на дискриминација по основ на етничка, верска и родова припадност“, стои во реакцијата на Комисијата.

Понатаму, ова тело му порача на директорот на Агенцијата за млади и спорт да ги повлече песните од употреба, но и да се внимава во иднина да не се објавуваат вакви содржини. Комисијата за заштита од дискриминација исто така ѝ предлага на стручната комисија за избор да внимава при понатамошните евалуации за соодветни збирки и нивните содржини.

„Збирката поезија содржи форми на изразување што не се прифатливи за едно демократско и мултикултурно општество, а во исто време се во директен судир со повеќе одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Спорните делови од збирката особено поттикннуваат дискриминација (член 9) и предизвикуваат вознемирување (член 7) по повеќе основи на дискриминација, особено пол и етничка припадност“, соопшти Комисијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг