Уапсена сопственичката на рускиот трговски центар во која загина 41 дете

Точка

30/03/2018

09:58

1.930

Големина на фонт

а а а

Руската полиција ја уапсила генералната директорка на Кемеровската фабрика за чоколади и сопственичка на трговскиот центар "Зимска вишна" во рускиот град Кемерово, Јулија Богданова, поради кршење на безбедносните мерки кои довеле до човечки жртви во пожарот, соопштено е од руската Истражна комисија.


Во соопштението се наведува дека Богданова ќе биде обвинета за кршење на третата точка од членот 238 од Кривичниот закон на Руската Федерација, под кој лицето се товари за кршење на безбедносните услови, што довело до смрт на две или повеќе лица. 

Со истрагата е утврдено дека Богданова, која е одговорна за мерките за безбедност во случај на пожар, неколку пати била известена за недостатоците кога станува збор за системот за заштита од пожар - се наведува во соопштението.

Од Комисијата додаваат дека Богданова не преземала мерки да се исправи грешката во системот за заштита од пожар, пренесува "Tass". Во пожарот кој избил на четвртиот кат на трговскиот центар, животот го загубиле 79 лица, вклучувајќи 41 дете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг