Tribulus Terrestris или позната во народот како “бабин заб” е цветна билка која расте во топли климатски услови и тропските региони на Европа, Јужна Азија, Африка и Австралија.
Поради своите лековити својства се смета за еден од најмоќните природни суплементи кои ја зголемуваат силата и обемот на мускулите, но има и силен ефект врз машкото сексуално здравје.
Нутриционистите препорачуваат дневна доза од 85 до 250 милиграми во најмалку три оброци.
Го зголемува нивото на тестостерон
Tribulus Terrestris често се користи како природен засилувач на тестостеронот, што како резултат дава поголема сила и масивност на мускулите. Во една неодамнешна литванска студија, на спортистите им биле давани суплементи на база на ова растение, три пати дневно во период од 20 дена. Резултатите покажале дека во првите 10 дена од истражувањето, нивото на тестостерон значајно се зголемило.
Постојат две мислења што може да доведе до овој ефект: првото е дека билката го зголемува лачењето на два хормона – лутеинизирачки хормон (LH) и фоликулостимулирачки хормон (FSH). Други пак, се уверени дека тоа е поради фактот дека “бабиниот заб” значајно ја намалува глукозата во крвта.
Неколку истражувања покажуваат дека внесот на Tribulus Terrestris во доза од 750 до 1500 милиграми во период од два месеци доведува до зголемување на сексуалната желба за дури 7 проценти. Со тоа било и воочено поголемо приозводство на семена течност.
Професионалните бодибилдери ги зголемуваат своите перформанси за време на тренингот така што пробуваат да го зголемат производството на азот-моноксид во телото, а во тоа им помага токму ова растение. Вежбачите го внесуваат 30 до 60 минути пред тренингот на празен стомак, а некои ја комбинираат билката со креатин.