Тим Кук: Ситуацијата со Фејсбук покажува дека потребен е добар правен систем за заштита на приватноста

Точка

27/03/2018

15:20

3.349

Големина на фонт

а а а

Иако на Apple се уште им се нема случено ваква афера, оваа компанија во неколку наврати се најде во центарот на вниманието поради приватноста и количината на податоци кои што апликациите на Apple ги собираат.

Првиот човек на Apple, Тим Кук не ја коментираше аферата поврзана со Фејсбук и „Кембриџ Аналитика“. Но, гостувајќи на кинески развоен форум во Пекинг, тој сепак не можеше да го избегне тоа прашање.

„Мислам дека оваа ситуација е толку сериозна и стана толку голема, така што веројатно е потребен добар правен систем, добра правна рамка. Можноста секој да знае што сте правеле на интернет со години, кои се вашите контакти, тоа што го сакате и не го сакате, секој интимен детал од вашиот живот, според моето мислење, не б требало да постои“, изјави Тим Кук.

Да потсетиме, аферата која што изби минатата седмица откри дека најголемата социјална мрежа на светот - Фејсбук, им дозволила на компанијата „Кембриџ Аналитика“ да добие пристап до податоците на над 50 милиони корисници.


Тие податоци од „Кембриџ Аналитика“ ги искористиле за создавање на алатка со која што можеле да ги прилагодат политичките огласи за време на изборите на секој поединечен корисник и така да влијаат на мислењето на корисниците и на крајот, кој кандидат ќе го добие нивниот глас.

Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг се извини поради целиот скандал и најави промени кај социјалната мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг