Инстаграм и Снепчет ја отстранија опцијата за GIF-ови поради расистички испади

Точка

12/03/2018

16:42

2.180

Големина на фонт

а а а

Инстаграм и Снепчет ја отстранија опцијата за GIF-ови откако еден од корисниците открил расистички GIF кој можел да се додаде на “story” на овие социјални мрежи.

Инстаграм и Снепчет кон почетокот на оваа година ја додадоа опцијата за поставување на GIF стикери, што им пружаше на корисниците можност за избор на GIF кој можеа да го постават на своите објави. 


Неодамна, една корисничка објавила фотографии од навредувачка содржина на Твитер, на која го означила основачот на Инстаграм, Кевин Систром, барајќи ваквите GIF-ови да се отстранат.

Имено, откако корисничката го напишала зборот “Crime” во пребарувачот, на екранот ѝ се појавил GIF со расистичка содржина.


Ваквите GIF-ови се достапни за сите корисници, а во условите за користење е наведено дека тие содржини не смеат да бидат навредливи или вулгарни.

По повод ваквиот настан се огласија компаниите Инстаграм и Снепчет кои навеле дека привремено ја отстрануваат ваквата опција сè додека не се направи детален преглед на содржината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk