Полицајката Јасмина Јаначковска проговори: Пратеникот на ДУИ не ме тепаше, несакајќи самата се удрив во пајак возилото

Макфакс

02/03/2018

12:27

25.290

Големина на фонт

а а а

Во текот на вршењето редовна контрола забележав неколку возила непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги фотографиравме и започнавме со нивно подигање.

Во тој момент пристапи едно непознато лице, за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници, раскажува полицајката Јасмина Јаначковска, која вчера беше вербално нападната од Бекир Асани, функционер на ДУИ, при извршување на работна задача.

Полицајката денеска имаше средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, која се одржала на негово барање за директно да слушне детали во врска со вчерашниот инцидент што се случи на паркингот кај плоштадот Скендербег кај ТЦ „Мавровка“.

На прашањето од министерот дали имало каков било физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска објасни дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не добила сериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Министерот Спасовски ѝ оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално во согласност со своите законските овластувања.

Најчевска: Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго

За каков било напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на рацете и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријатрелски разговор, напиша професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа „Фејсбук“ .

„Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија и така воспсоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин. Замислете кое насилство е во состојба да го примени ова човече врз обичните граѓани и колку незаштитени се тие кога ни самата полиција не може да си се заштити. И замислете каков е односот на ова човече кон жените и во каква положба се наоѓаат тие кога ни жена полицаец не е заштитена. Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ и посебно за сексуално обоено насилство и никој не се осмелува да им се спротивстави. Сега знам и зошто. Па, тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин“, напиша Најчевска.

Полицајката Јасмина Јаначковска вчера беше вербално нападната од Бекир Асани, функционер на ДУИ, при извршување работна задача.



Спонзорирани линкови

Маркетинг