Шест работи кои мора да ги правите доколку имате болки во вратот и грбот

Точка

27/02/2018

10:36

2.165

Големина на фонт

а а а

Сигурно многу пати ви се случило да се разбудите со силни болки во вратот или грбот и таа болка да ве мачи со денови.

Ваквите болки стануваат сè почести со текот на годините, посебно доколку не сте физички активни. Денеска одлучивме да ви дадеме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката. 

Инвестирајте во квалитетен душек и перница

Ова веројатно сите го знаат, но вреди повторно да го напоменеме – главниот причинител за болката во вратот и грбот е неквалитетниот сон, затоа потрудете се да имате добра перница и душек кои ќе му овозможат на вашето тело добар одмор.


Одете боси што е можно повеќе

Можеби одењето боси не е пријатно во студените денови, но во летниот период практикувајте го овој совет. Нашите стапала се основа на нашето тело, а доколку носите неудобни чевли, веројатно таа болка ќе се пренесе и на другите делови од телото.

Внесувајте повеќе калциум

Како што знаете, калциумот е основен градбен елемент на коските, па затоа е важно да го внесувате преку секојдневната исхрана. Внесувајте што повеќе млечни производи и други намирници кои се богати со калциум и кои ќе ги направат вашите коски поиздржливи.


Не заборавајте на витаминот Д

Витаминот Д е исто така одличен за вашите коски, а тој најлесно може да го добиете со помош на сончањето. Затоа поминувајте повеќе време на умерено сонце и вашите коски ќе ви бидат благодарни.

Тренирајте

Редовниот тренинг ќе ви овозможи мускулите околу вашите коски да зајакнат, а со тоа ќе се намалат болките и во вашиот грб и врат. Тренингот може и моментално да ги намали болките кои ги чувствувате, па затоа е добро по станувањето наутро да направите неколку лесни вежби.


Бидете динамични

Покрај лошиот сон, вториот голем проблем кој доведува до болки во грбот и вратот е седењето и лежењето во иста положба. Доколку сте некој кој работи во канцеларија или зад пулт, тогаш веројатно ги имате овие проблеми. Затоа трудете се да ја менувате положбата во која работите и бидете динамични.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk