Трагедија Кајмакчалан: 1000 зошто, малку затоа

Точка

27/02/2018

12:00

36.577

Големина на фонт

а а а

Пред два дена цела Македонија доби снежна покривка. Имаме чувство дека мразот ни создаде атмосфера која ни ги пробуди свежите сеќавања за прерано починатите Александар и Калина, трагедија која ја потресе пошироката јавност, каде 'децата' биле оставени да измрзнат до смрт.

Целта поради која започнавме да користиме терминологија 'оставени да измрзнат' не испирираше фејсбук статусот на Влатко Деловски од Битола кој е лиценциран професионален водич во планина по International Mountain Leader стандард, член на МАИВП (Македонска Асоцијација за Интернационални Водичи во Планина). Влатко лично не го познаваме. Судејќи според фотографиите на неговиот фејсбук профил можевме да приметиме дека добар дел од сликите се од искачување на планински делови за кои е потребно посебно техничко планинарско познавање, што го прави компетентен да коментира на оваа тема.

Имено, одредени работи наведени во неговиот фејсбук статус се чинат логични и имаат добра подлога да се посомневаме дека навистина на Александар и Калина не им било овозможено соодветно спасување. Според официјалниот извештај во кој се наведува дека времето на нивното губење е 11.30 часот и дека за организирање на спасителна акција имале цели 8 часа, според Влатко е тотален апсурд. Каде барале и што правеле спасителите, кога знаеме дека само таму, под врвот, има карпест терен (10-тина метри високи карпи и максимум 100 м должни)?, се вели во статусот.

Во телефонски разговор со Деловски побаравме негово мислење на оваа тема при што тој изјави:

"Сė уште сме до длабината не непреболените надежи, оти околу нас кружат извитоперувања на вистината, трансгресии од лаги претворени во обвиненија кон водичите на групата, особено кон Москито. Мислам тоа е жалосно, човекот не е виновен. Прашањето е следно: зошто новинарите заминаа во погрешен правец, а не се насочија кон спасителната акција во која има многу нелогичности? Бидејќи нас не интересира дали можеше да се спречи трагедијата, а не кој е зимски или летен водич (демек имало само 7мина такви) Впрочем, јавноста треба да знае дека има и МАИВП (Македонска Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина) во која членувам и јас, и моментално во неа има 40тина активни комплетно (зимско-летни) водичи. Меѓутоа, тоа не е важно во овој случај. Планинарската фела е загрижена за друго, односно дека не се направи ништо посебно околу тоа да се расветли случајот, што точно е преземено од страна на спасителите во спасителната акција? Не сакам никого да обвинувам, ниту сум компетентен за тоа, но сакам одговори во врска со спасувањето? Овие одговори ги сакаат и семејствата на планинарите и сите планинари, пријатели на Калина и Александар. На крај, ги поздравувам семејствата и им изразувам сочувство за смртта на нашите драги."

[Ова е теренот каде можеле да бидат Александар и Калина]

Најновите информации до кои дојдовме е дека Александар и Калина барајќи ја црквата (сѐ уште не е позната причината поради која сами се вратиле назад кон црквата), поради густата магла и лошите временски услови ја промашиле црквата и се насочиле на 100-тина метри од нејзината десна страна. Поради лошото време изгубиле ориентација и клизнале под карпата. Доколку подобро го познавале теренот или во телефонскиот разговор им биле дадени подобри инструкции, едноставно можеле да симнат уште 30-тина метри надоле и ќе 'паднеле' на самиот пат од македонска страна, каде лесно можеле да бидат спасени од ратраците кои учествувале во нивното спасување. Дали причината поради која ратраците не сакале да дојдат на наша страна е дека не сакале да влезат на македонска територија, останува непознато. Сепак извлекувањето на телата од страна на грчката служба СЕСК беше направено на македонска територија.

>> ДОСИЕ КАЈМАКЧАЛАН

Апсурдна е приказната и за СЕСК (Специјалната единица за справување со катастрофи) од Солун. Според статусот на Влатко во кој се вели дека според извештајот во акцијата за спасување учествувале околу 40 лица, кои некако не се пронаоѓаат во приказната за спасувањето. Имено, имало обид за 'комфорно спасување' на Александар, додека бил во свесна состојба и жив, кој завршил неуспешно, по што спасителот одлучил дека може да си замине. Што е со Калина, според негова слободна проценка, во услови каде не можете да го видите часовникот на вашата рака, тој проценува дека таа е во безживотна состојба и дека нема потреба од понатамошна акција за нејзино извлекување и спасување, а Александар најверојатно починал или се повредил од падот, па акцијата може да се прогласи за завршена, неуспешно. Доколку малку подобро ја анализираме целата спасителна акција, Александар и Калина биле оставени да измрзнат до смрт. СЕСК биле активни на терен, но во утрешната акција за извлекување на мртвите тела, која завршила успешно. Според видеото и фотографиите од нивнот извлекување навистина СЕСК личат на спремни момци, но каде биле дента кога биле потребни? 

Ајде да направиме уште една реконструкција на настанот во која добар дел од вината за нивната смрт е спасувачката акција. Одлуката на Александар и Калина да бидат фиксирани за една позиција и да чекаат соодветна помош, според планинарски правила е исправна. Можеби токму оваа 'исправна одлука' ги однесе директно во смрт. Замислете да не очекувале помош или телефонски да не им било ветувано дека ќе бидат спасени, можеби акцијата за нивното спасување ќе ја преземеле во сопствени раце и ќе започнеле да прават план како би се спуштиле надоле со што временските услови на помала надморска височина значително би ги зголемиле шансите за нивно преживување. Можеби ќе симнеле до патот, додека сѐ уште било ден. Можеби ќе започнеле да ја бараат црквата, бидејќи тоа би бил добар излез од нивната страшна ситуација. Но покрај сѐ, тие веруваат во силата на службите и ги почитуваат правилата да бидат на фиксирани, но осум часовното чекање во мраз било кобно по нивните животи. Според деталниот извештај од мобилниот оператор на телефонот на Александар (кој не бил предаден на фамилијата, најверојатно изгубен) постои запис дека последниот разговор бил во 18:32 ч. и бил во времетраење од 334 секунди со лице од групата (негов познаник од Скопје) кое помагало во координирање на тимот за спасување. Ова е последниот телефонски запис, после кој најверојатно откажала батеријата, а натамошната комуникација била продолжена преку телефонот на Калинa...

[Н.П. / Точка]

ПОВРЗАНИ СТАТИИ ЗА 'ДОСИЕ КАЈМАКЧАЛАН' ТУКА



Спонзорирани линкови

Маркетинг