Ванчо Шехтански: Шилегов да го отстрани двоглавиот орел во Чаир

Макфакс

23/02/2018

10:27

7.269

Големина на фонт

а а а

Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пишува, споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир.

„Петре Шилегов, со оглед дека Коце Трајановски како поранешен градоначалник никако не сакаше да постапи по моето решение од февруари 2016 од позиција на тогашен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа за уривање на споменикот на УЧК во Чаир, постапи сега ти од позиција на градоначалник по истото, како денес за Ќосето и отстрани ја дивоградбата во Чаир“, напиша Шехтански на својот профил на „Фесјбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг