Чавков со лисици на рацете донесен во судот

Макфакс

11/01/2018

14:51

2.350

Големина на фонт

а а а

Порашениот министер за внатрешни работи, Митко Чавков денеска беше донесен со лисици на рацете во Апелациониот суд, каде судиите на јавна седница ќе расправаат дали да му го укинат притворот.

Тој се жали дека му бил продолжен притворот за предновогодишните празници.


Неговите адвокати поднеле жалба на одлуката за продолжување на притворот пред новогодишните празници.

До второстепениот суд стигнала уште една жалба за укинување на притворот за еден од осомничените за настаните од крвавиот четврток. Судијата Сафет Кадрии потврди за „Макфакс“ дека сè уште не одлучиле за вчерашните јавни седници во однос на жалбите за притворот за осомничените.