Апелационите судии на јавна седница денеска ќе расправаат дали да му го укинат притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Неговите адвокати поднеле жалба на одлуката за продолжување на притворот пред новогодишните празници.
До второстепениот суд стигнала уште една жалба за укинување на притворот за еден од осомничените за настаните од крвавиот четврток. Судијата Сафет Кадрии потврди за „Макфакс“ дека сè уште не одлучиле за вчерашните јавни седници во однос на жалбите за притворот за осомничените.