Потресната приказна на Емануел Ебуе го погодила речиси целиот свет. Но, само ретки му понудиле помош на фудбалерот кој во 2006-тата година играл финале во Лигата на Шампионите за Арсенал против Барселона во Париз.
Еден од ретките кои му помогнале е Фатих Терим, легендарниот турски тренер, кој неодамна се вратил на клупата на Галатасарај. Тој одлучил да го врати во Истанбул фудбалерот кој го довел како играч во 2011-тата година, а на кој поранешната сопруга му земала сè, му забранила да ги гледа децата и на кој овие денови ќе му биде одземена куќата во Лондон.
This is heartbreaking! pic.twitter.com/isAit4QqL3
— Best Football Bets (@Best_Footy_Bets) December 24, 2017
Емануел размислувал и за самоубиство, но благодарение на Терим, за него почнува нов живот. Ќе биде помошник тренер на пионерите на Галатасарај.
"Многу сум среќен што повторно ќе работам со Терим и тоа што ми најде работа во Галатасарај. Терим ми е како татко. Многу го сакам и за него ќе направам сè", порачал воодушевениот Ебуе.
Иако денешниот фудбал полека но сигурно ја губи душата и станува само сув бизнис, луѓето како Терим и Ебуе докажуваат дека не е сè изгубено. Напротив. Тоа е фудбалот каков што го сакаме, а вечно омилениот Емануел повторно ја врати насмевката на своето лице.